Motorola се подготвува за официјално лансирање на пазарот на својот најнов преклопен телефон – Razr 50D.
Motorola Razr 50D ќе биде достапен во Јапонија од 19 декември, а како што најави јапонскиот мобилен оператор NTT DOCOMO, ќе биде сличен на моделот Motorola Razr 50.
Овој телефон доаѓа со 6,9-инчен FHD+ pOLED внатрешен екран заштитен со Corning Gorilla Glass Victus. Надворешниот екран е со дијагонала од 3,6 инчи, а батеријата има капацитет од 4.000 mAh, што е малку помалку од Razr 50 (4.200 mAh).
Главната камера од 50MP ќе ги израдува љубителите на фотографијата, додека секундарната има резолуција од 13MP. Предната камера е со резолуција од 32MP.
Телефонот располага со 8GB RAM и 256GB внатрешна меморија, со поддршка за безжично полнење, IPX8 отпорност, Hi-Res аудио, стерео звучници и Dolby Atmos за мултимедија.
Што се однесува до дизајнот, Motorola Razr 50D има димензии од 171 мм x 74 мм x 7,3 мм и тежи само 187 грама, што е прилично практично за преклоплив телефон. Цената ќе биде околу 750 евра.