BBook AI Original Edition е PS5 во форма на масивен лаптоп со 4K екран, без батерија и цена од 2.750 долари
Кинески модери од платформата Weibo успеаја да го претворат PlayStation 5 во необична „пренослна“ форма во вид на масивно лаптоп-куќиште без батерија, наречено BBook AI Original Edition. Резултатот е повеќе демонстрација на креативност отколку практично решение.
BBook AI изгледа како постар, гломазен гејмерски лаптоп и тежи над 4 кг. Куќиштето е изработено со помош на 3D печатење, а во него се вградени оригиналните компоненти на PlayStation 5 конзолата. Најголемата предност во однос на класичната PS5 конзола е интегрираниот екран – 17,3-инчен 4K IPS панел со 100% DCI-P3 покриеност на боите. Сепак, стапката на освежување е само 60 Hz, што не е импресивно според денешните стандарди за гејмерски екрани.
Покрај екранот, уредот поседува HDMI 2.1 излез, што овозможува приклучување на надворешен монитор, но со тоа ја губи смислата на „преносливоста“. Има и еден USB Type-A порт со брзина од 10 Gbps за дополнителни периферии.
Уредот нема сопствена батерија и мора да биде приклучен на струја. Поради високата потрошувачка на енергија на PS5 конзолата (околу 200 W при играње), дури и со вградена батерија од 100 Wh, автономијата би изнесувала само околу 30 минути.
Друга мана е екстремно бучниот систем за ладење. Според извештаите, бучавата достигнува 71,3 dB, што е споредливо со звукот на спортски автомобил во работа.
Спецификации на BBook AI:
- 8-јадрен Zen 2 процесор
- RDNA 2 графички процесор со 36 единици за обработка
- 16 GB неапгрејдирачка меморија
- 825 GB внатрешна PCIe 4.0 меморија
Цената на овој „лаптоп“ е околу 2.750 долари, што е околу 5,5 пати повисока од цената на обичната PS5 конзола. Покрај тоа, се добива и тастатура (типот не е познат), но без јасно назначена практична корист.
Иако BBook AI технички е попреносен од стандардната PS5 (може да се носи со себе ако имате приклучок за струја), според тежината и цената е далеку од практичен производ. За истата сума пари можете да купите класична PS5 конзола и квалитетен преносен монитор, и сè уште да заштедите значителна сума.
Ова е интересен DIY проект и приказ на креативноста на модерите, но во пракса, ретко кој би сакал да користи ваков тежок, бучен и скап „лаптоп“ наместо стандардна PS5 конзола и лесен надворешен монитор, пренесува Tomshardware.