Нови податоци од Јужна Кореја сугерираат дека Samsung размислува за драстични промени за својот следен смартфон со преклопен екран, а веројатно се работи за Galaxy Z Fold7. Меѓу нив е и можноста за отстранување на дигитајзерот, компонентата која овозможува внесување на податоци со S-Pen пенкалцето. Целта е намалување на дебелината на куќиштето.
Очигледно, ова е област каде компанијата заостанува зад своите конкуренти. Samsung се обиде да се справи со овој проблем со ограничената верзија на Galaxy Z Fold SE, кој има дебелина од 10,6 мм поради отсуството на дигитајзер. Сепак, овој чекор целосно ја елиминира функционалноста на S Pen пенкалото.
Новите информации сугерираат дека Samsung сериозно размислува да ја отстрани технологијата за дигитајзер EMR во Galaxy Z Fold7, за да даде приоритет на потенок дизајн. Наместо тоа, може да премине на алтернативна технологија за внесување, AES, слична на онаа што ја користи Apple за својот Apple Pencil.
AES ја префрла потребата за напојување на самото пенкало, што значи дека тоа ќе бара батерија и вградена електроника. Иако оваа технологија овозможува телефонот да остане тенок, компромисот е поголем стилус кој бара полнење и не може да се вметне во телефонот.
Внатрешни извори тврдат дека Samsung ќе ја финализира својата одлука на почетокот на следната година.