Компанијата Rocket Lab направи голем чекор напред со цел да ја искористи својата ракета Electron за повеќекратно лансирање.
Rocket Lab го реализираше претходно објавениот план со помош на хеликоптер во воздухот да ја „фати“ првата фаза од ракетата кога ќе се врати на Земјата, а таа задача сега е успешно завршена. Ракетата Electron беше фатена со хеликоптер откако испорача 34 сателити во орбитата.
Electron е ориентиран под идеален агол за да има најдобри шанси да издржи огромна топлина и притисок. Првиот падобран беше активиран за да се зголеми отпорот, а потоа се отвори и вториот падобран за финалниот дел од спуштањето.
Ракетната лабораторија го испрати хеликоптерот Sikorsky S-92 да ја пресретне ракетата при нејзиното враќање и на височина од 1980 метри го закачи падобранот на ракетата. Фаќањето беше успешно, но пилотите на хеликоптерот не биле задоволни од начинот на кој ракетата висеше и поради тоа ја испуштиле во океанот. Ракетата потоа била извадена од водата и транспортирана во седиштето на Rocket Lab, каде ќе биде анализирана.