Meta најавува планови за вградување екрани во своите Ray-Ban паметни очила. Брзиот развој покренува прашање: дали паметните очила ќе станат подеднакво важни во секојдневниот живот како што се денес паметните телефони?
Изгледа дека компанијата Meta се подготвува да додаде екрани во својата популарна Ray-Ban линија паметни очила, како што наведува Financial Times (FT). Екраните најверојатно ќе се користат за прикажување известувања и одговори кои пристигнуваат од виртуелниот асистент
Овие екрани би можеле да се појават во идни верзии на уредот, веќе во текот на следната година. Можното имплементирање на оваа надградба се предвидува за втората половина на 2025 година.
Според извори кои имаат увид во плановите на компанијата Meta, екранот ќе биде со помали димензии и најверојатно ќе се користи за прикажување известувања или одговори од виртуелниот асистент Meta AI. За сега не се верува дека Meta ќе ги претвори овие очила во вистински уред за мешана реалност.
Паметните очила Ray-Ban претставуваат неочекуван успех за Meta. Според многу кориснички и стручни реакции, тие изгледаат одлично и нудат респектабилни перформанси.
Тековниот модел содржи и слушалки за ушите, камери, микрофони, како и пристап до виртуелниот асистент на компанијата Meta.