Капсулата на SpaceX – Crew Dragon со четворица астронаути рано утринава слета во океанот близу брегот на Флорида, со што заврши нивната шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица (ISS).
Раџа Чари, Том Маршбурн и Кејла Барон од американската НАСА, заедно со германскиот астронаут Матијас Маурер од Европската вселенска агенција, се вратија на Земјата околу 24 часа по напуштањето на МВС. Капсулата можеше да се види како „го сече“ ноќното небо пред да бидат распоредени четири падобрани за да го забават повторното влегување на вселенското летало во атмосферата на Земјата.
„Потврдено е слетувањето на ‘Драгон’, добредојдовте назад на Земјата“, објави SpaceX на Twitter.
And… splashdown! Dragon has safely made it home with precious cargo aboard: four #Crew3 astronauts!
Now they wait for the recovery vehicle, which is named after Shannon Walker, mission specialist for the first crewed @SpaceX mission to the @Space_Station: pic.twitter.com/VDDXdsxkbH
— NASA (@NASA) May 6, 2022
SpaceX на Елон Маск почна да пренесува човечки екипаж на ISS во 2020 година. Минатата недела однесе четири астронаути на Станицата – тројца од САД и еден од Италија, за да ги заменат четворицата што се вратија на Земјата денеска. Маурер е дванаесеттиот Германец кој отишол во Вселената.
По несреќите во 2011 година, НАСА престана да ги лансира своите вселенски бродови, па зависеше од руските летала „Сојуз“ за превоз на своите астронаути до МВС, до лани, кога Маск ја презеде оваа задача со својот „Драгон“.
SpaceX беше основан од Маск во 2002 година и има испратено седум вселенски летала со екипаж последниве две години.