Брендот Realme најави настан за 12. мај за да претстави неколку производи, вклучувајќи ги мобилните телефони од серијата Realme 9 и Realme Pad Mini.
Realme 9 и Realme Pad Mini ќе ги имаат истите спецификации во Азија и Европа, но ова не важи за моделот Realme 9 5G. Европската верзија на овој модел ќе го покренува Snapdragon 695 процесор, а не Dimensity 810. Покрај тоа, ќе користи поголем LCD екран од 6,6 инчи со резолуција од 1.080×2.412 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz, што е исто така зголемување во однос на 90 Hz.
Во однос на спецификациите, европската верзија ќе има три задни камери, главна од 50MP, макро од 2MP и црно-бела камера од 2 MP. Однапред ќе има селфи камера од 16 MP сместена во punch hole отвор во екранот. Главната камера е различна од 48 MP камера во случајот на азискиот модел, но батеријата е иста, бидејќи нејзиниот капацитет, исто така, изнеусва 5.000 mAh и поддржува полнење од 18W.
Realme 9 5G ќе го користи Android 12 со Realme UI 3 интерфејс , а ќе има и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и сензор за отпечатоци интегрирани во копчето за вклучување/исклучување на уредот.
Димензиите на европскиот модел се 164,3 x 75,6 x 8,5 мм, а тежината изнесува 191 грам. Цената ќе биде помеѓу 200 и 300 евра, уредот ќе биде достапен во бела и црна боја и со 4GB RAM и 64 и 128 GB простор за складирање.