Париз има намера да стане помалку бучен град, а за да го постигне тоа ќе се користат сензори кои ќе бидат поставени на улиците.
Ова одлука главно е насочена кон возилата кои создаваат неподнослива врева во градот. Веќе се инсталираат радари со ротирачки камери и микрофони.
На тој начин надлежните ќе можат јасно да видат кое возило е бучно, кој управува со него и колкава бучава се создава. Опремата се тестира, а од наредната година возачите ќе се казнуваат со 135 евра за висока врева.
Париз се смета за еден од најбучните градови во Европа – 5,5 милиони луѓе се изложени на бучава од 55 децибели нагоре, која настанува од сообраќајот. Светската здравствена организација како максимално дозволена бучава ја смета онаа до 55 децибели.
Се претпоставува дека бучавата го скреатува животниот век на жителите на Париз за девет месеци и дека влијае негативно на нивната продуктивност. Станува збор за годишен трошок од 147 милијарди евра. Освен тоа, тоа негативно влиаје на цената на недвижностите.
Новата стратегија за борба против овој проблем вклучува дополнително ограничување на брзината на движење на возилата. Се тазмислува и за итните служби да ги исклучуваат сирените ноќе.