Идејата е во автомобилите сè да биде на дофат на рака, но преку интерфејси кои се појавуваат само кога ќе затребаат и кога возачот сака
Големите екрани во автомобилите се најновата мода. Колку се поголеми, толку подобро, но некоја голема причина за тоа дефинитивно нема. Неодамна, со новата Серија 7, BMW воведе и голем кино екран на задните седишта, што и има некаква смисла, но да гледате филм одблиску додека ве возат? Тоа не е за секој. Оваа навика ви гарантира чести застанувања покрај патот поради гадење.
На конференцијата CarDesignNews, директорите на автомобилските компании се осврнаа токму на екраните.
„Сè има своја кулминација, така и големите екрани. Стигнавме до неа? Можно. Порано или подоцна, големите екрани ќе станат минато“, вели шефот на дизајн на ентериер во BMW, Матијас Јунгханс, одговарајќи на прашање од гледачите. „Идејата е во автомобилите сè да биде на дофат на рака, но преку интерфејси кои се појавуваат само кога ќе затребаат и кога возачот сака“.
„Сè има своја кулминација, а веројатно и екраните. Поголем дел од времето патувате во автомобил и повеќе уживате во глетката отколку во екраните“, вели Кони Блом, менаџер за внатрешен дизајн на Polestar.
Никој не знае што точно носи иднината, но возачите сè уште треба да го следат патот, совозачите да гледаат наоколу, а децата? Тие се (за жал) најчесто симбиотски поврзани со мобилните телефони во секој случај. Во автомобил, во училиште, паркови, домa итн.
Големите инфозабавни екрани во многу автомобили се само непријатност, но некои, како Tesla, ги користат за групирање на сите функции на нив. Ќе биде интересно да се види дали и Tesla ќе се ослободи од нив.