Кинескиот ровер Zhurong пронајде траги од вода на Марс. Станува збор за хидрирани минерали пронајдени во огромен базен за кој се верува дека е место на праисториски океан, пишува CNN.
Овие докази укажуваат на присуство на вода на површината подолго отколку што досега се веруваше. Според анализата на податоци испратени на Земјата, трагите од вода откриени во примероците од минерали се стари 700 милиони години.
Се верува дека Марс бил влажен до пред околу 3 милијарди години, кога завршило второто геолошко доба на планетата. Во сегашниот период нема површински води. Почвата што содржела минерали, а чиј примерок е земен од роверот, имала тврда кора која можеби се формирала со подигање на подземни води или топење на лед кој испарувал.
Кинескиот ровер ја истражува рамнината Utopia Planitia на која слета во мај, минатата година. Досега има минато околу два километри од местото на слетување. Примарната мисија на роверот е да пронајде траги од антички живот, па ги истражува минералите, околината и дистрибуцијата во вода. Роверот продолжува со истражување и испраќање информации до орбитерот Tianwen-1, кој кружи околу планетата.
Студијата е објавена во списението Science Advances.
Извор: Klix.ba