Сите оперативните системи на Apple ќе добијат дизајнерски промени годинава, според најновите информации на Марк Гурман од Bloomberg.
Гурман претходно објави дека iOS 19, iPadOS 19 и macOS 16 ќе имаат нов дизајн, со зголемена транспарентност за поизразен „стаклен“ изглед. Во неговиот неделен билтен Power On објавен оваа недела, тој изјави дека дизајнерските промени ќе се прошират и на tvOS 19 за Apple TV и на watchOS 12 за Apple Watch, но не даде конкретни детали.
Дизајнерските измени, наводно, ќе бидат инспирирани од visionOS за Vision Pro хедсетот на Apple, а се очекува и visionOS 3 да донесе свои дизајнерски новитети.
Во целина, Гурман вели дека Apple има за цел да постигне поконзистентен изглед низ сите свои оперативни системи, особено за Mac и iPad. Тој претходно откри дека iPadOS 19 ќе ги направи iPad уредите послични на Mac компјутери, со подобрено работење со повеќе задачи, поголема продуктивност и подобро управување со прозорци на апликации. Дополнително, еден познат ликер под името Majin Bu тврди дека iPadOS 19 ќе прикажува мени лента слична на онаа кај macOS кога iPad е поврзан со Magic Keyboard.

Гурман исто така откри дека новиот дизајн на iOS 19 е со кодно име Solarium, што е просторија со стаклени ѕидови низ кои продира сончева светлина. Ова кодно име може да укажува на појавата на потранспарентни менија и копчиња кои се очекуваат низ iOS 19 и другите нови софтверски ажурирања кои Apple ќе ги најави на WWDC 2025. Конференцијата за развивачи ќе се одржи за две недели, а воведниот говор е закажан за понеделник, 9 јуни.
И покрај големата возбуда околу вештачката интелигенција во последно време, Гурман смета дека редизајнираните софтверски платформи ќе бидат „врвниот момент“ на WWDC годинава.


