Корисниците на Google Workspace ќе забележат значително поголема активност на Gemini во сумирањето на нивните е-пораки. Gmail сега автоматски креира кратки прегледи за сложени низи, кои се појавуваат над самите електронски пораки.
Кратките прегледи на мејловите креирани со помош на вештачка интелигенција се достапни за корисниците на Google Workspace уште од минатата година, но досега мораа рачно да се активираат. Наместо тоа, AI технологијата на Google сега „сама ќе одлучува“ кога сумирањето би било корисно и автоматски ќе ги генерира тие прегледи за „долги низи на е-пошта или пораки со повеќе одговори“. Кратките прегледи ќе се ажурираат со новите одговори штом тие пристигнат.
Автоматските кратки прегледи сега ќе се појавуваат над е-пораките на англиски јазик, но само на мобилни уреди, додека функцијата ќе биде достапна за сите корисници во наредните две недели. Засега не е познато дали и кога оваа функција ќе стане достапна за Gmail на десктоп, исто како што не е познато дали ќе биде достапна за корисниците без платен Workspace налог.
Доколку Gmail сè уште не генерира автоматски преглед, корисникот ќе мора рачно да го побара сè додека не стане достапен.
Оние кои воопшто не сакаат кратки прегледи, можат целосно да ги деактивираат AI функциите на Gmail преку исклучување на опцијата Smart features, во поставките на апликацијата.