Најконтроверзен е таканаречениот ISA систем или Интелигентно прилагодување на брзината
Од 6 јули годинава во сите нови модели на автомобили, камиони и автобуси кои ќе се продаваат на пазарот во Европската унија голем број нови системи стануваат задолжителни. Целта на ЕУ регулативата е да ги направи автомобилите побезбедни. Оваа година започнува преодниот период кога моделите претставени пред овој рок ќе имаат можност за адаптација, но од 2024 година сите нови автомобили ќе мора да бидат опремени со овие технологии.
Најконтроверзен е таканаречениот ISA систем или Интелигентен асистент за брзина. Ова е систем за асистенција на возачот кој предупредува на максималната дозволена брзина. Системот треба, следејќи ги знаците на патот или навигацијата, автоматски да ја намали моќноста на моторот, но и да дозволи претекнување, однсоно да се исклучи кога возачот силно ќе притисне на педалата за гас. Иако системот може да се деактивира во менито за сетирање на секое возило, тој повторно ќе биде активен секогаш кога возилото ќе се стартува. Како тоа ќе функционира во пракса останува да се види. Делот за дозвола и препознавање на претекнување е особено предизвикувачки.
Сите возила ќе бидат опремени со црна кутија или службено EDR. Овој систем, кој веќе е присутен во многу нови автомобили, ги чува податоците неколку секунди пред евентуална несреќа. Се снимаат информации за брзината, положбата на управувачот и дали се вклучени фаровите на автомобилот. Сега за сега, до овие податоци можат да пристапат само владини тела и производителите на автомобили, но не се достапни за осигурениците. Многу независни експерти протестираа против поставувањето црни кутии бидејќи сметаат дека производителите на автомобили лобирале за нив поради нивните интереси.
Од 6 јули, во автомобилите задолжително е вградување задни камери, автоматско итно сопирање, сензори за паркирање, системи за предупредување за напуштање лента, системи за предупредување за замор и подготовка за инсталирање на Alcolock, систем кој би можел да се инсталира во возила на повеќекратни прекршители. Станува збор за возачи кои возеле под дејство на алкохол и кои предизвикале сообраќајни незгоди. Alcolock не би дозволил стартување на возилото доколку возачот е под дејство на алкохол. Засега, со уредите Alcolock ќе се постапува засебно во секое национално законодавство.
Вановите, камионите и автобусите мора да бидат опремени со мониторинг на притисокот во гумите. Автомобилите ја имаат оваа функција од 2014 година.
Извор: B92.net