Google ja воведува Manage subscriptions во Gmail – нова функција што ви помага лесно да се одјавите од мејл листи и да го ослободите вашиот сандаче.
Google претстави нова функција во Gmail наменета за сите кои се чувствуваат преплавени од бројните мејлови од различни претплати. Новата опција наречена Manage subscriptions им овозможува на корисниците лесно да ги прегледаат сите активни претплати и со еден клик да се одјават од несаканите листи.
Опцијата прикажува листа на сите мејлови кои пристигнуваат преку активни претплати, подредени така што најчестите испраќачи се при врвот. До секој испраќач има копче за брзо откажување на претплатата, што им овозможува на корисниците без напор да го растоварат својот inbox.
Функцијата може да се најде со клик на менито во горниот лев агол на Gmail inbox-от, каде што се избира Manage subscriptions од прикажаното мени.
Новата опција е достапна од денес на веб-верзијата на Gmail, додека во Android апликацијата ќе биде воведена од 14 јули, а на iOS уредите од 21 јули. Google напоменува дека може да потрае неколку недели додека функцијата не стане достапна за сите корисници. Достапна е за сите корисници со лични Google сметки, како и за корисници на Google Workspace и Workspace Individual претплати во одбрани земји.
Во прегледот на претплатите, корисниците можат да видат кој им праќа најмногу мејлови и точниот број на пораки што ги примиле во последните неколку недели, што дополнително ја олеснува одлуката за откажување. Со клик на конкретен испраќач, Gmail прикажува сите мејлови пратени од таа адреса, а копчето за откажување автоматски испраќа барање за одјава од име на корисникот.
Повеќе детали можете да најдете на блог постот на Google по оваа тема.