Првиот крипто сателит е лансиран во орбитата, благодарение на компанијата SpaceX.
SpaceX успешно ја изврши петтата мисија на лансирани мали сателити наречена Transporter-5 од вселенскиот центар во Кејп Канаверал на Флорида. Кратко по испраќањето на товарот испратен на патување во ниската орбита на Земјата, првата фаза на ракетата се врати на земјата.
Станува збор за сателит наречен Crypto-1, дизајниран за американскиот стартап Cryptosat, а претставува темел за сигурна криптографија поврзана со Blockchain во вселената.
Сателитот е со големина на шолја кафе, а со оглед дека е „недопирлив“ во вселената може да пренесува отворена комуникација, никој не може да го загрози, а секој со антена може да ги следи неговите преноси.
Cryptosat веќе изврши неколку тестови на Меѓународната вселенска станица со цел истражување на безбедноста на податоците во вселената.