Куќиште со екран чувствителен на допир? Сензори за срцев ритам? Подобрено поништување на бучава? Еве што би можело да пристигне со новите Apple слушалки со поништување на бучава подоцна годинава, плус една важна функција што многумина сакаат да ја видат.
Apple последен пат ја освежи својата серија AirPods Pro уште во 2022 година, а според гласините, AirPods Pro 3 би можеле да бидат претставени оваа есен заедно со новата серија iPhone 17. Иако нема гаранција, Apple секоја година објавува нов модел на слушалки од 2019 година (вклучувајќи го и минатогодишниот модел AirPods Pro 2 со USB-C). Значи, ред е серијата Pro да добие надградба.
Гласини за датумот на излегување на AirPods Pro 3
Иако претходно кружеа непроверени тврдења дека Pro 3 ќе пристигнат во мај или јуни, порелевантни извори како Марк Гурман од Bloomberg сега предвидуваат дека Pro 3 ќе бидат претставени во септември заедно со серијата iPhone 17. Гурман исто така наведува дека новиот модел ќе има нов дизајн и сензори за мерење на пулс, слично на Beats Powerbeats Pro 2.

Во бета верзијата на iOS 26, веќе се појави називот AirPods Pro 3, што дополнително потврдува дека нивното лансирање е блиску.
Нови функции (веќе достапни и за Pro 2/ANC модели во бета верзија):
- Студио квалитет на снимање звук – за подкасти, пеење, интервјуа итн.
- Контрола на камерата од далечина – преку притисок на рачката на слушалките
- Автоматска пауза кога ќе заспиете
- Подобрени повици и квалитет на гласот преку Voice Isolation технологија
Нови сензори за пулс и температура
Постојат големи шанси Pro 3 да добијат сензори за пулс, а можеби и за телесна температура. Иако некои корисници веќе имаат Apple Watch, па се поставува прашањето дали овие сензори се неопходни. Има и гласини за IR камери за детекција на движења со рака и други напредни функции, кои веројатно ќе бидат резервирани за идниот модел AirPods Pro 4.
Куќиште со екран чувствителен на допир
Apple уште во 2022 година регистрираше патент за куќиште со екран, кое би можело да функционира како далечински управувач. JBL и други производители веќе нудат слични решенија. Иако нема гаранција дека Pro 3 ќе го добијат тоа, се очекуваат извесни промени во дизајнот на куќиштето, можеби и помали димензии.
Нови H3 и U2 процесори
AirPods Pro 3 би можеле да дебитираат со H3 чип, кој би овозможил:
- Подобар квалитет на звук и бас
- Подобро поништување на бучава
- Појасни повици
- Подобра ефикасност на батеријата
Можно е куќиштето да добие и U2 чип, за попрецизно пронаоѓање преку функцијата Find My (моделот Pro 2 има U1).
Можност за безжичен пренос на звук од авион
Некои конкурентни модели веќе нудат куќишта кои можат безжично да пренесуваат звук од авионски системи преку 3,5 мм кабел. Тоа е функција што многумина сакаат да ја видат и кај Apple, но е малку веројатно дека ќе се појави кај Pro 3.
Нови големини на силиконски навлаки за уши
Многу корисници посакуваат XL наставци, особено оние на кои и големите наставци не им прилегаат добро. Apple претходно додаде „екстра мали“ наставоци, па се надеваат дека сега ќе бидат додадени и „екстра големи“, пишува CNET.


