Минатата година, по објавувањето на новиот графички процесор MI250X, AMD ги претстави плановите за лансирање на првиот суперкомпјутер кој ќе ја пробие exaflop границата кога станува збор за брзината на работа.
Шест месеци подоцна, тоа достигнување беше постигнато, а третата генерација EPYC процесори на AMD и графичките процесори MI250X го напојуваа суперкомпјутерот Frontier на националната лабораторија Oak Ridge.
Суперкомпјутерот Frontier сега е рангиран како најсилниот систем и на листите Top500 и Green500. Системот е способен да постигне перформанси од 1102 егзафлоп и 62,68 гигафлопи по вати кога станува збор за потрошувачката.
Сето ова го прави Frontier најбрзиот и најефикасен суперкомпјутер во светот денес.
Интересно е што Frontier не е единствениот суперкомпјутер со хардвер AMD. Половина од Топ 10 најбрзи суперкомпјутери користат AMD хардвер, вклучувајќи го и првиот и третиот најбрз.