Дали е подобро лаптопот постојано да биде вклучен на полнач или е подобро да го користите без него? Одговорот не е сосема едноставен.
Во одреден момент, сите луѓе кои користат лаптоп помислиле на истото прашање: дали е лошо постојано да го оставате вашиот лаптоп вклучен на струја. Тоа зависи од повеќе фактори.
Треба да знаете со каква батерија си имате работа
Постојат два главни типа на батерии што се користат во лаптопите: литиум-јонски и литиум-полимерни. Иако се различни технологии, тие работат приближно на ист начин, генерирајќи енергија со движење на електроните. Овој постојан проток е потребен и за се одржува батеријата здрава.
- Батеријата не може да се преполни. Нема опасност од преполнување на батеријата ако ја оставате поврзана на струја цело време. Веднаш штом ќе достигне 100 проценти, ќе престане да се полни и нема да се рестартира сè додека напонот не падне под одредено ниво.
- Ако целосно ја испразните батеријата, ќе ја оштетите. Ако подолго време ја празните батеријата целоснож, може да ја доведете до состојба на длабоко празнење. Ова може да биде фатално, можеби повеќе нема да можете да ја наполните.
Сепак, овие тврдења не значат дека лаптопот треба да биде вклучен постојано на полнач.
Што може да ја оштети батеријата?
Батериите базирани на литиум сами по себе се нестабилни. Капацитетот почнува да се губи од моментот кога се произведуваат и постојат низа фактори кои го забрзуваат нивното опаѓање.
Тоа вклучува:
Циклуси на полнење и празнење. Секоја батерија има конечен број полнења и празнења.
Ниво на напон. Колку е поголемо нивото на наполнетост, толку е пократок векот на траење на батеријата.
Висока температура, над 30 степени Целзиусови. Ова може да предизвика непоправлива штета.
Последните два фактори се оние што најмногу нè интересираат овде. Обемна студија на Универзитетот Батери истакна дека нивото на напон и високите температури изолирано ќе го скратат животот на батеријата, па дури и повеќе кога се комбинираат.
Високите температури, што се подразбира над 30°C, ќе го скратат траењето на батеријата, без оглед на други фактори. Едноставно, да го оставите лаптопот во автомобил во жежок летен ден е лоша идеја.
Кога конечно комбинирате високи температури со висок напон, ефектите се уште полоши. Студијата покажува дека на батеријата што се одржува на 40% оставена на 40°C ќе ѝ опадне максималниот капацитет на 85% по една година.
Дали лаптопот треба да биде постојано вклучен?
Се чини дека индустријата сè уште не одлучила за еден одговор за тоа дали лаптопот треба да биде постојано вклучен.
Acer препорачува батеријата да се вади од лаптопот кога не се користи, од Asus, пак, тврдат дека батеријата треба да се испразнува до 50% на секои две недели, а Dell дека нема проблем ако го оставите лаптопот вклучен цело време. Од Apple, пак, велат дека нивниот лаптоп не треба да биде вклучен цело време, туку дека треба наизменично да ја користат батеријата и да ја поврзуваат со напојувањето.
Ако го оставате лаптопот вклучен нема да предизвика штета на краток рок, но ако го користите само така, скоро сигурно ќе откриете дека по една година, капацитетот на батеријата е значително намален.