Lenovo на саемот IFA во Берлин ја претстави втората генерација на својата рачна гејминг конзола Legion Go.
Legion Go 2 изгледа слично на минатогодишниот оригинален модел Legion Go, но нуди неколку подобрувања, меѓу кои нов процесор и поголема батерија.
Lenovo Legion Go 2 може да се конфигурира со процесор AMD Ryzen Z2 или Z2 Extreme, во комбинација со графичка картичка AMD Radeon 890M. Дополнително, може да се надгради со до 32 GB RAM меморија на 8.000 MHz и до 2 TB PCIe Gen 4 складиште. Присутен е и слот за microSD картичка за проширување на меморијата.
Legion Go 2 исто така има поголема батерија од 74 Whr, во споредба со оригиналниот Legion Go кој доаѓаше со батерија од 49,2 Whr.
Рачната конзола сега располага и со скенер за отпечаток од прст на копчето за вклучување, два USB4 порта со поддршка за Power Delivery 4.0 и 3,5 mm приклучок за слушалки. Таа има и два звучника од 2W, два микрофона, Wi-Fi 6E и Bluetooth 5.3.
Lenovo Legion Go 2 е исто така потежок, со тежина од 1.079 грама. Ќе биде достапен во продажба на избрани пазари овој месец по почетна цена од 999 евра.