Иако многу корисници не беа воодушевени од Liquid Glass на Apple, другите производители веќе во голема мера го користат како инспирација за своите кориснички интерфејси.
Vivo на својата годинешна конференција за развивачи го претстави OriginOS 6, најновата верзија на својот оперативен систем, која нема да биде резервирана само за кинескиот пазар, туку ќе биде достапна и за корисниците ширум светот.
Новата верзија на оперативниот систем носи целосно освежен дизајн со изразени 3D ефекти, сенки и проѕирни слоеви, создавајќи, како што велат од Vivo, слоевит визуелен впечаток. Како што налага актуелниот тренд, естетиката потсетува на Apple Liquid Glass, кој се појави со iOS 26.
Покрај тоа, Vivo ги има подобрено анимациите, воведе нова крива на движење и ги оптимизираше деталите за интеракцијата со интерфејсот да биде што е можно поприродна и пофлуидна. Посебно внимание било посветено на иконите, кои се редизајнирани по примерот на иконите од преклопливиот Vivo X Fold 5, со нагласок на играта на светлина и сенка.
Глобалната верзија на OriginOS 6 ќе биде претставена на 15 октомври, а првите телефони кои ќе ја користат ќе бидат Vivo X300 и iQOO 15.