Компанијата Nothing во март ги лансираше Phone (3a) и Phone (3a) Pro уредите од средната класа, а во јули се појави информација дека компанијата работи на Lite модел кој ќе ја прошири понудата. Сепак, сега гласините сугерираат дека овој уред ќе се вика Nothing Phone (3a) Lite.
Наводно, Nothing Phone (3a) Lite ќе биде достапен во една конфигурација – со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. Исто така, ќе се нуди во црна и бела боја.
Иако засега тоа изгледа како единствена опција, постои можност уредот подоцна да добие повеќе комбинации на RAM и меморија, како и дополнителни бои на одредени пазари или региони.
Phone (3a) Lite ќе биде лансиран глобално, вклучувајќи ја и Индија, и тоа до крајот на оваа година. Засега ова се единствените достапни информации, без детали за спецификациите и цената.

Сепак, не треба да има сомнеж дека наскоро ќе се појават нови информации. Името Nothing Phone (3a) Liteупатува на тоа дека ќе биде најефтиниот модел во Nothing линијата на телефони, но можеби ќе биде позициониран над уредите на брендот CMF.

