Google TV е наследник на Android TV платформата со помодерен интерфејс и фокус на содржината, но двете верзии сè уште ја делат истата основа базирана на Android.
Кога компаниите ги преименуваат или надградуваат производите, корисниците често се наоѓаат во дилема. Типичен пример е споредбата помеѓу Google TV и Android TV платформите.
Иако Google TV всушност е наследник на Android TV, разликите во интерфејсот и начинот на користење ги прават доволно различни за да заслужат објаснување.
Што го разликува Google TV од Android TV?
Двата системи користат Android како основа и се наменети за прикажување содржина на телевизори, но се разликуваат во пристапот. Android TV долго време бил стандард кај паметните телевизори и мултимедијалните уреди, додека Google TV носи освежен дизајн и целосно нов фокус на препораки за содржина.

Google TV може да се најде во најновите TCL паметни телевизори, Google Chromecast и други уреди, додека Android TV сè уште е присутен на постари или поевтини уреди.
Google TV е фокусиран на содржина, Android TV на апликации
Главната разлика е корисничкиот интерфејс. Google TV го истакнува содржината: филмови, серии и емисии, кои ги предлага врз основа на вашите навики и сервиси на кои сте претплатени. Наместо листа на апликации, како кај Android TV, Google TV дава приоритет на препораки, трендови и персонализиран приказ преку вашиот Google профил.
Android TV, особено во постарите верзии, повеќе се потпира на листата на апликации, па корисникот мора да влегува во секоја од нив за да најде содржина.

Google TV исто така повторно ја воведува секцијата Live TV со интеграција на платформи како YouTube TV и Sling TV, овозможува користење на телефонот како далечински или тастатура, нуди напредни родителски контроли, подобра интеграција со Google сервиси и Gemini AI функции.
Од друга страна, Android TV ќе продолжи да добива одредени надградби, но Google TV е јасен фаворит ако купувате нов уред.
Во суштина, двата системи се базирани на Android платформата и прилагодени за прикажување на голем екран. Сепак, ако сакате најмодерно решение со фокус на содржина, се препорачува Google TV. Ако веќе имате Android TV, нема итна потреба за премин, освен ако не барате подобрено искуство и поголемо ниво на персонализација.

