Само поскапите MacBook Pro модели со M6 Pro/Max чипови ќе добијат подобрувања во екранот, перформансите и потенко куќиште
Apple првично ќе го резервира надградениот OLED екран за MacBook Pro за високата класа на 14-инчните и 16-инчните модели со M6 Pro и M6 Max чипови, додека основниот 14-инчен M6 MacBook Pro ќе продолжи да користи Mini LED екран, според информациите на Марк Гурман од Bloomberg.
Во своето најново издание на билтенот Power On, Гурман naveduva дека Apple работи на „редизајниран M6 Pro и M6 Max MacBook Pro со OLED екран, потенко куќиште и поддршка за тачскрин“, но не го спомена основниот 14-инчен MacBook Pro модел со M6 чип што Apple најверојатно ќе го лансира следната година или на почетокот од 2027 година.
Во трите варијанти на MacBook Pro, основниот модел користи стандарден чип од M-серијата, додека другите два модела користат Pro и Max варијанти. Основниот чип има помал број на CPU/GPU јадра, помала мемориска пропусност, помал максимален обединет RAM и ограничена поддршка за надворешни екрани, додека Pro и Max верзиите имаат поголем број јадра, поголем пропусен опсег и поголеми RAM капацитети, што ги прави подобри за ресурсо-интензивни креативни задачи како видео и 3D.

Одлуката на Apple да го резервира OLED за поскапите модели на MacBook Pro е логична со оглед на хардверските разлики, но сепак постои добра можност дека и основиот модел ќе добие OLED најрано со M7 чипот, бидејќи се очекува Apple да ја донесе технологијата и на MacBook Air – но овој модел најрано се очекува да биде лансиран во 2028 година.
Гурман истакнува дека редизајнираните OLED машини ќе имаат поддршка за екран со допир и се подготвуваат за лансирање на крајот од 2026 или почетокот на 2027 година.


