Кинескиот стартап Moonshot лансираше Kimi K2 Thinking, open-source AI модел со напредно резонирање и алатки кој, според тврдењата на компанијата, го надминува GPT-5 и Claude 4.5, а неговата обука чинела само 4,6 милиони долари.
Во глобалната трка за доминација во AI се појавува нов предизвикувач, кинескиот лабораториски стартап Moonshot (Месечина) од Пекинг. Компанијата го претстави Kimi K2 Thinking, модел за резонирање кој, според сопствените тврдења, го надминува OpenAI GPT-5 и Anthropic Claude Sonnet 4.5 на клучни тестови како што се Humanity’s Last Exam, BrowseComp и Seal-0, кои мерат длабочина на заклучување и способност за наоѓање информации преку интернет.
Kimi K2 Thinking користи Mixture-of-Experts (MoE) архитектура и комбинира долгорочно планирање, адаптивно резонирање и активно користење на онлајн алатки како пребарувачи. Моделот е способен да ги раздвојува сложените проблеми на помали задачи, да ги проверува доказите и да гради кохерентни одговори во повеќе чекори.

Со околу 1 трилион параметри, Kimi K2 Thinking е достапен на Hugging Face и, што е клучно, целосно е open source, овозможувајќи им на програмерите ширум светот да го користат и усовршуваат бесплатно.
Уште поинтересно, Moonshot тврди дека обуката на моделот чинела само 4,6 милиони долари, што е непримерно помалку во споредба со милијардите што ги трошат водечките американски AI компании. Доколку независните проверки го потврдат тоа, Kimi K2 Thinking би можел значително да ја промени рамнотежата на сили во индустријата и да го демократизира пристапот до напредни AI агенти.

За компаниите, тоа отвора нови прашања и можности. Ако модел од овој калибар навистина може да се спореди со најмоќните затворени системи, деловните корисници би можеле да добијат моќни алатки без високите претплати што ги наплаќаат сервиси како ChatGPT Enterprise. Сепак, останува да се види дали Kimi K2 Thinking ќе ги оправда амбициозните тврдења или ќе се покаже како уште еден привремен AI хипе.


