Mozilla работи на нова алатка за прелистувачот Firefox под името AI Window. Ова ќе биде простор преку кој корисниците ќе можат да се најават за разговор со AI асистент и да добијат помош од него додека сурфаат на интернет.
Целта на овој проект, барем според сега достапните информации, е корисниците да добијат поголема контрола врз тоа кога и како комуницираат со вештачката интелигенција. AI Window ќе биде уште една опција за корисниците, покрај стандардниот Firefox прозор и Private прозорот, кој и понатаму ќе нуди поголема приватност.
Функцијата сè уште е во развој, па заинтересираните можат да се пријават преку блог-постот на Mozilla за да бидат меѓу првите корисници и потоа да дадат повратни информации.
Вградената AI во прелистувачите е едно од најжешките теми меѓу технолошките компании во моментов. Се чини дека секој провајдер на прелистувачи и AI решенија учествува во трката за да понуди најдобро интегрирано решение. Mozilla не е исклучок од овој притисок и претходно годинава го претстави и iOS алатот за Firefox, преку кој корисниците можат да го протресат телефонот за да добијат AI-генериран резиме на веб-страница.



