Компанијата SpaceX официјално ја стави во употреба новата ракета Falcon 9 така што изминатиот викенд лансираше 28 сателити од мегаконстелацијата Starlink во ниска орбита на Земјата.
Лансирањето беше изведено од базата на вселенските сили Ванденберг во Калифорнија, а Starlink сателитите успешно беа испорачани по еден час и 19 минути.
Во меѓувреме, првата фаза од ракетата Falcon 9, наречена Booster 1100 (B1100), го изведе своето прво слетување на дрон-бродот „Of Course I Still Love You“ стционриан во Пацификот. Слетувањето се случи осум и пол минути по лансирањето.

Сателитите Starlink од групата 11-30 им се придружија на повеќе од 9.000 сателити што ја сочинуваат комерцијалната интернет мрежа.
Лансирањето изведено во неделата беше втора Starlink мисија во исто толку дена, бидејќи Falcon 9 полета и во саботата, што беше нејзин 150-ти лет оваа година.



