Apple откри детали за iOS 16 во текот на својата WWDC конференција за програмери, вклучувајќи информации за тоа кои модели ќе можат да ја добијат надградбата, а кои не.
За преземање на новиот iOS 16, корисниците ќе треба да поседуваат iPhone 8 или понов, што значи дека Apple ја прекинува поддршката за iPhone 6S, iPhone 7 и првиот iPhone SE.
Моделите iPhone 7 и SE се појавија во 2016 година, а iPhone 6S една година порано, што значи дека имаа шест или седум години софтверска поддршка. Тоа е всушност импресивно долг период, многу подолг од периодот во кој уредите со Android добиваат софтверски надградби, иако Samsung и Google неодамна направија подобрувања во тој сегмент. Нивните уреди од средна класа и флегшип моделите сега имаат обезбедено софтверски надградби до пет години.
Првата генерација на iPhone SE неодамна доби свој наследник со прилично застареното Home копче. Новиот iOS 16 на Apple ќе биде достапен оваа есен и тоа на следните уреди:
- iPhone 13
- iPhone 13 mini
- iPhone 13 Pro
- iPhone 13 Pro Max
- iPhone 12
- iPhone 12 mini
- iPhone 12 Pro
- iPhone 12 Pro Max
- iPhone 11
- iPhone 11 Pro
- iPhone 11 Pro Max
- iPhone Xs
- iPhone Xs Max
- iPhone Xr
- iPhone X
- iPhone 8
- iPhone 8 Plus
- iPhone SE 2020
- iPhone SE 2022
Новиот iOS 16 донесува најголеми подобрувања кај заклучениот екран и известувањата