Претходно оваа година, стартапот на Карл Пеи – Nothing објави дека ќе дебитира со својот прв паметен телефон наречен Nothing Phone (1) во летото 2022 година. Официјално е откриено дека овој долгоочекуван уред ќе пристигне на 12 јули – за нешто повеќе од еден месец.
Уредот ќе дебитира на настанот „Nothing: Return to Instinct“ што ќе се одржи во Лондон и ќе се емитува во живо низ целиот свет преку веб-страницата nothing.tech.
Компанијата објави: „Тоа е нашиот прв паметен телефон и нашиот најважен производ“, а исто така соопшти дека настанот за презентација е „покана да се одучиме од сè на што нè научи индустријата“.
Unlearn. Undo. Starting with phone (1).
Nothing (event) – Return to Instinct.
Tuesday 12 July, 16:00 BST.Get notified: https://t.co/FEJL4Jb2Aw#phone1 pic.twitter.com/SX0PCdeXw9
— Nothing (@nothing) June 8, 2022
Телефонот би можел да биде лансиран на 12 јули, но може да потрае некое време пред уредот да биде достапен за купување. Неодамнешниот извештај откри дека Nothing Phone (1) најверојатно ќе се произведува во Индија и дека смартфонот допрва треба да влезе во фаза на производство, па ќе почекаме барем неколку месеци по неговото претставување.
Компанијата досега официјално потврди дека смартфонот ќе има проѕирен заден дел, алуминиумска централна рамка, поддршка за безжично полнење и Qualcomm Snapdragon чипсет. Покрај тоа, уредот досега неколку пати протече на интернет, поради што знаеме дека ќе поседува 6,55-инчен Full HD+ OLED панел со 1080 x 2400 пиксели и стапка на освежување од 90 Hz.
Покрај тоа, веројатно ќе го покренува неодамна претставениот чипсет Qualcomm Snapdragon 7 Gen 1 поврзан со 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Веројатно ќе се напојува од батерија од 4500 mAh и ќе поддржува жично и безжично брзо полнење. На крајот, смартфонот се очекува да дебитира во ценовен опсег до 500 долари, а во Европа веројатно до 500 евра.