Компанијата Venus Aerospace од Хјустон, Тексас ги обезбеди потребните инвестиции и најави развој на хиперсоничниот авион Stargazer.
Станува збор за футуристичко летало дизајнирано да развива брзина до 11.000 км/ч и да мине оддалеченост од Америка до Јапонија за 60 минути. Инженерите прво развија нова генерација на млазен агрегат со нулта емисија на штетни гасови, тестиран во хиперсонични тунели, а сега го претставија дизајнот на авионот.
Компанијата не соопшти детални спецификации, освен дека поседува иновативен дизајн и систем на напредно ладење, со можност за полетување/слетување од кој било вселенски аеродром. Додека леталото не биде во функција, Venus Aerospace ќе биде фокусиран на развој на хиперсоничен дрон со слични можности.
Тој ќе послужи за понатамошни тестирања од 2023 година.