Аналитичката компанија IDC објави дека очекува пад од 8,2 проценти на испораките на персонални компјутери оваа година. Испораките на таблет уредите се очекува да се намалат за 6,2 отсто.
IDC укажува на повеќе причини за падот на понудата на компјутери и таблети, вклучувајќи го и локдаунот поради пандемијата на коронавирус, ситуацијата во Украина и инфлацијата.
Сепак, интересно е што и покрај падот, бројот на продадени компјутери и таблет уреди ќе биде поголем во однос на продажбата од периодот пред пандемијата. Пандемијата на коронавирус ја зголеми побарувачката за компјутерски уреди, бидејќи голем број корисници работеа од дома.
По падот во текот на оваа година, испораките на компјутери се очекува повторно да пораснат позитивно во 2023 година.
Кога станува збор за конкретните испораки, IDC истакнува дека годфинава ќе бидат испорачани 321,2 милиони компјутери и 158 милиони таблет уреди.