Резултатите од Geekbench покажуваат дека Galaxy S26 Ultra со Snapdragon 8 Elite Gen 5 го победува iPhone 17 Pro Max во single-core и multi-core тестовите
Samsung веќе следниот месец би можел да ја претстави новата Galaxy S26 серија, а првите резултати од тестовите за перформанси веќе се појавија во јавноста. Како најмоќен модел во понудата, Galaxy S26 Ultra во раните benchmark мерења се наметнува како нов референтен Android флегшип по перформанси, со резултати кои во одредени сегменти го надминуваат и Apple iPhone 17 Pro Max.
Според податоците од Geekbench 6 тестот, во базата е забележан уред со ознака SM-S948U, кој се поврзува со моделот Galaxy S26 Ultra. Тестираниот примерок има 12 GB меморија и користи благо забавена верзија на процесорот Snapdragon 8 Elite Gen 5. И покрај тоа, забележан е резултат од 3.466 поени во single-core тестот и 11.035 поени во multi-core тестот, што претставува значителен скок во однос на претходната генерација со околу 3.200 и 10.020 поени.

Потенцијал за уште поголем исчекор во перформансите на Galaxy S26 Ultra
Резултатите од Geekbench за американската верзија на Samsung Galaxy S26 Ultra се објавени. Резултатите на Snapdragon 8 Elite5 For Galaxy со не-максимални фреквенции се 3466 за single-core и 11035 за multi-core. Со нетрпение ги очекуваме следните резултати.
Интересно е што тестираниот уред работел со намалени работни фреквенции. Додека Qualcomm за двете најмоќни јадра наведува такт од 4,74 GHz, во овој случај максималната фреквенција била ограничена на 4,19 GHz. Познатиот типстер Ice Universe смета дека во оптимални услови Galaxy S26 Ultra би можел да достигне околу 3.920 поени во single-core тестот, што е ниво на перформанси кое, според неговите тврдења, Samsung Exynos 2600 не може да го достигне.

Screenshot
Доколку финалната верзија на Galaxy S26 Ultra овозможи целосен потенцијал на сите јадра, се очекува во вкупните резултати да го надмине и iPhone 17 Pro Max, кој го користи чипот A19 Pro. Досегашните проценки за A19 Pro зборуваат за околу 3.800 поени во single-core тестот и приближно 9.900 поени во multi-core сценаријата.
Доколку овие податоци се потврдат кај финалните верзии на уредите, Galaxy S26 Ultra би можел да се позиционира како најбрзиот паметен телефон во својата генерација, потврдувајќи ја предноста на Qualcomm платформата во врвот на Android понудата и дополнително заострувајќи ја конкуренцијата со најмоќните iPhone модели во сегментот на сурови перформанси.


