Дизајнот на Samsung Galaxy Z Flip 4 не е непознат, благодарение на рендерите објавени уште минатиот месец. Но, она што досега беше потврдено од повеќето шпекулации, се токму вистинските фотографии од уредот објавени на Twitter од YouTube каналот TechTalkTV.
Иако објавата набрзо беше отстранета од социјалната мрежа, на интернет сè уште кружат фотографии од Z Flip 4. Така, на пример, со сигурност може да се каже дека рендерите и фотографиите целосно се совпаѓаат, а корисниците добија поглед и на „наборот“ на екранот, кој се чини дека речиси е непостоечки.
Понатаму, Z Flip 4 го задржува двобојниот дизајн на својот претходник со мат позадина, како и внатрешен екран со приближно иста големина. На фотографиите може да се види и страничниот сензор за отпечатоци и нешто потека и подобрена шарка за склопување.
Може да се види и приказ на надворешниот екран, но од фотографијата е тешко да се заклучи дали е навистина поголем од актуелниот модел.
Да потсетиме, Z Flip 4 треба да работи на Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет, поврзан со 8GB RAM и до 512GB внатрешна меморија. Уредот наводно ќе има батерија од 3.700 mAh со поддршка за жично брзо полнење од 25 W, така што корисниците можат да очекуваат малку подобра автономија.
Дополнително, ќе го задржи 6,7-инчниот FHD+ AMOLED 120 Hz дисплеј, но големината на надворешниот екран треба да „порасне“ од 1,9 на 2,1 инчи. На задната страна на телефонот и натаму ќе се наоѓаат има две камери од 12 мегапиксели, што за некои ќе биде малку разочарувачки.
Samsung најверојатно ќе го претстави Galaxy Z Flip 4 заедно со поголемиот Fold 4 на медиумски настан во август.