Инженер во компанијата Google е испратен на платено отсуство откако јавно тврдеше дека четботот станал разумен.
Блејк Лемојн, софтверски инженер во тимот за развој на вештачка интелигенција на Google, откри дека бил испратен на платено отсуство откако тврдел дека четботот станал разумен. Компанијата го суспендираше истражувачот затоа што, како што тврди Лемојн, ја прекршил политиката за доверливост.
Четботот со кој разговараше Лемојн се вика LaMDA. Google го нарече овој јазичен модел, базиран на вештачка интелигенција, „пробивна технологија за разговор“, а самиот модел е способен да се вклучи во отворени разговори, кои звучат природно.
Google рече дека технологијата може да се користи во алатки како што е Google Assistant, но истражувањето и тестирањето сѐ уште се во тек.
Лемојн разговараше со моделот LaMDA како дел од описот на неговата работа. Тој рече дека разговарале за религијата, свеста и законите на роботиката, а LaMDA се опишала себеси како чувствителна личност.
Според Лемојн, LaMDA тврди дека нејзин приоритет е „благосостојбата на човештвото“ и дека сака да се гледа како „личност што работи во Google, а не како сопственост“.
Google engineer says Lamda AI system may have its own feelings: One of the firm's software engineers believes chats with an AI system suggest it has feelings. https://t.co/w2unM9AkXt [@BBCTech]
— Infotech Consulting (@InfotechNews_) June 13, 2022
Набљудувањата што тој ги ги изнесе беа отфрлени од компанијата. „Нашиот тим ги разгледа наводите на Блејк и го информираше дека доказите не ги поддржуваат неговите тврдења. Му беше кажано дека нема докази дека LaMDA е разумна“, изјави Брајан Гејбриел, портпарол на Google.
Блејк Лемојн излезе во јавноста по ова. Тој објави дел од разговорите што ги водел со чет-ботот, а кои го убедиле дека LaMDA е разумна.
Компанијата, како што откри во јавноста, го испратила инженерот на платен одмор поради кршење на политиката за доверливост. Тој, исто така, предложи LaMDA да добие свој адвокат, а за своите тврдења разговараше со член на Конгресот.
Портпаролот на Google исто така рече дека иако некои ја разгледуваат можноста за разум во вештачката интелигенција, „нема смисла да се прави тоа со антропоморфизирање на денешните несвесни јазични модели“.
„Овие системи имитираат видови на размена кои се во милиони реченици, односно можат да разговараат за која било тема“, рече Гејбриел.
Тој и другите истражувачи рекоа дека моделите на вештачка интелигенција имаат толку многу податоци што можат да звучат како човечки, но дека супериорните јазични вештини не даваат доказ за разум.