За сопствениците на Samsung телевизор, Music Frame ја активира функцијата Q-Symphony Sound, синхронизирајќи го звукот помеѓу уредите за кохезивно звучно искуство.
Откријте го Samsung Soundbar Music Frame звучникот, уникатен, модерен и креативен производ кој го редефинира традиционалното звучно искуство. Ова не е само аудио уред, туку и впечатлив детаљ кој го издигнува вашиот животен простор со својот беспрекорен спој на стил и звук. Без разлика дали сте љубител на музиката, ентузијаст за дизајн или некој кој ги цени убавите работи во животот, „Music Frame” го трансформира вашиот дом во оаза на звукот и стилот.
Звучник кој зборува сам за себе
Покрај неговата функционалност, Samsung Music Frame звучникот служи и како платно за вашите спомени. Со можност да ги прикаже вашите омилени печатени ремек-дела, станува составен дел од вашиот ентериер. Вклучената фото подлога (photo mat) и прилагодливата бела рамка ви овозможуваат да го прилагодите неговиот изглед за да одговара на вашиот декор, додавајќи личен печат на вашата соба.

Со Dolby Atmos Music технологија, Music Frame звучникот нуди 3D просторно аудио искуство кое ве става во центарот на случувањата. Секоја нота е нагласена, создавајќи извонреден звучен пејзаж кој ги оживува вашата музика и филмови.
Едноставно поврзување
За сопствениците на Samsung телевизор, Music Frame ја активира функцијата Q-Symphony Sound, синхронизирајќи го звукот помеѓу уредите за кохезивно звучно искуство. Неговите можности за безжично пренесување музика овозможуваат лесно поврзување преку Wi-Fi или Bluetooth, исполнувајќи го вашиот простор со омилените мелодии во секој момент.

Совршен подарок за Денот на вљубените
Music Frame ги комбинира елегантниот декор и моќниот звук, правејќи го неопходен уред за секој што сака да го збогати своето искуство за домашна забава. Совршен е за љубителите на музиката, ентузијастите за дизајн и оние кои ги ценат префинетите нешта во животот.
Како што се приближува Денот на вљубените, Music Frame се појавува како исклучително добра идеја за подарок. Замислете на саканата личност да и подарите уред кој ги пушта нејзините омилени мелодии и прикажува ваша драга заедничка фотографија, симбол на љубов и поврзаност.
Samsung Music Frame е повеќе од звучник, тој е уметничко дело кое го оживува просторот со визуелен и звучен сјај. Уредот Music Frame е доказ за посветеноста на Samsung кон иновациите, нудејќи производ кој е подеднакво функционален, колку што е и убав.


