Компанијата Apple најави одржување на специјален „Apple Experience“ настан во три големи светски градови – Њујорк, Лондон и Шангај, кој ќе се одржи на 4 март со почеток во 15 часот по македонско време.
Специјалниот настан е наменет за избрани членови на медиумите и ќе им овозможи прв поглед и директно искуство со најновите производи на Apple. Во официјалната покана, настанот е претставен како специјален „Apple Experience“, со 3D логото на Apple составено од жолти, зелени и сини дискови, без дополнителни детали за програмата на настанот.
Apple се очекува да ги претстави новите модели, вклучувајќи iPhone 17e, MacBook Pro со M5 Pro и M5 Max чипови, осмата генерација iPad Air, 12-та генерација iPad, како и нови верзии на Studio Display, економичен MacBook со A18 чип, нов Apple TV и HomePod mini.

Овој „Apple Experience“ настан ќе понуди можност медиумите да се запознаат со најновите уреди и иновации на Apple во три различни региони на светот.



