Откако се откажа во 2022 година, Meta наводно повторно се враќа на плановите за претставување сопствен паметен часовник – и тоа веќе до крајот на оваа година.
Мета оваа година би можела да го прошири своето хардверско портфолио со нов паметен часовник со функции за следење на здравјето и напредни AI можности.
Како што дознава The Information, паметниот часовник го носи кодното име Malibu 2 и би требало да биде претставен пред очилата за проширена реалност на Мета наречени Phoenix, чие појавување на пазарот наводно е одложено до 2027 година.
Доколку ги следевте технолошките новости во изминатите години, можеби се сеќавате дека и претходно се зборуваше дека Мета ќе претстави паметен часовник. Сепак, од тие планови се откажаа уште во 2022 година поради неименувани технички потешкотии и мерки за намалување на трошоците.

Во секој случај, доколку Malibu 2 навистина пристигне на пазарот, Мета сериозно ќе се вклучи во трката на пазарот на паметни часовници, рамо до рамо со Apple, Google, Samsung, Garmin и Fitbit. Како требаше да изгледа паметниот часовник на Мета, погледнете во нашиот текст од 2021 година, кој го приложуваме.


