Најголемиот радио телескоп во светот, Sky Eye откри теснопојасни електромагнетни сигнали, кои би можеле да бидат од вонземско потекло.
Дали сме на прагот да ја откриеме првата вонземска цивилизација? Според извештаите што ни доаѓаат од Кина, токму тоа би можело да биде случај.
Според кинескиот весник Science and Technology Daily, Sky Eye, најголемиот и најчувствителен радиотелескоп во светот, со пречник од 500 метри, открил теснопојасни електромагнетни сигнали, кои би можеле да бидат од вонземско потекло.
Откриените сигнали се различни од претходните и тимот активно ги истражува, велии Џан Тонџи, главниот научник на тимот за потрага по вонземски цивилизации.
Џан рече дека две групи на сомнителни податоци биле откриени во 2020 година, за време на обработката на податоците собрани во 2019 година, вклучително и сигнал кој бил откриен со набљудување на егзопланети.
There's some reporting that the 500-meter aperture FAST radio telescope in Guizhou, China has detected candidates for signals from extraterrestrial intelligence, including a suspicious signal from exoplanet target observation data. This is interesting, but don't get too excited.
— Andrew Jones (@AJ_FI) June 14, 2022
„Сомнителен сигнал може да биде и еден вид радиопречки, што дополнително треба да се потврди или да се исклучи“, предупредува Џан. „Ова може да биде долг процес.“
Џан претходно изјави дека не се согласува со теоријата дека треба да бидеме внимателни во потрагата по вонземски живот.
„Замислете како пловите со брод низ бурно темно море и гледате слабо светло од друга едрилица во далечината. Можеби еден ден нема да можеме да преживееме на Земјата. Ќе ни треба помош од вонземски цивилизации“.
За жал, оригиналниот извештај е избришан и не е познато зошто се случило тоа. Сепак, многу медиуми, вклучително и кинеските, веќе ги објавија наодите на тимот.