Следниот флегшип смартфон на Huawei, моделот Mate 50 би требало наскоро да се појави пред публиката, во текот на август или септември оваа година, барем според информациите што ги пренесува порталот Gizchina. Ова би се поклопило со очекуваните датуми за лансирање на новите уреди на Apple, што јасно покажува дека Huawei воопшто не ги намалил своите апетити.
Покрај Huawei Mate 50, во исто време треба да се појави и новиот водечки телефон на Honor. Според зборовите на г-дин Шигуан, директор на фабриката каде што се склопуваат овие уреди: „Новите смартфони ќе донесат иновативни хардверски карактеристики и многу важни софтверски функционалности кои вреди да се чекаат“.
Според досега достапните информации на порталот Weibo, Huawei Mate 50 требаше да се појави пред публиката во текот на јули оваа година. Сепак, дојде до одложување од непознати причини, најверојатно поради актуелните проблеми со производството на чипови во Кина.
Неофицијални карактеристики
Според сегашните информации, Huawei Mate 50 треба да го покренува 4G верзија на мобилниот процесор Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1. Интересно е тоа што овој уред треба да доаѓа со 5G маска за телефон што ќе му овозможи да има 5G конекција. За што точно се работи?
Во средината на мај годинава беше најавена 5G маска за Huawei P50 Pro. Како што е веќе познато, Huаwei нема право да инсталира 5G чип во своите телефони. Сепак, ваквата маска ги заобиколува овие ограничувања. Се што треба да направите е да го ставите уредот во маската и ќе добиете 5G можности. Едноставно и ефикасно. Оваа маска за Huawei P50 Pro би требало да се појави во продажба на 17 јуни, кога публиката првпат ќе види како сето тоа функционира.
Се радуваме што Huawei се уште се боти и не престанува да презентира нови уреди на светскиот пазар. Во текот на вториот квартал од 2020 година, Huawei учествуваше со 20 проценти од глобалниот пазар на паметни телефони, според компанијата Statista.
Во моментов, тој удел изнесува 6,25% според информациите достапни на порталот Statscounter. Ситуацијата е таква што, и покрај големиот пад на глобално ниво, кинескиот технолошки гигант успешно се опоравува од последиците од американските санкции. Нема ништо подобро отколку со претставување на серија, која со години ја дефинираше премиум класата на паметни телефони.