Американскиот милијардер Бил Гејтс не е фан на криптовалутите и NFT. Основачот на Microsoft на конференцијата ms TechCrunch изјави дека криптовалутите се измама.
„Тие трендови на дигитален имот 100 проценти се темелат на „теоријата за поголеми будали“, рече Гејтс.
Тој се се повика на теоријата според која понекогаш може да се заработи со купување на преценет имот ако тој имот пододцна може да се продаде по уште повисока цена.
„Еден „будала“ во тој случај би можел да купи прескап имот, надевајќи се дека може да го продаде на „уште поголем будала“ од себе и така да направи заработувачка. Тоа може да функционира се додека има доволно „будали“ подготвени да платат повеќе. Но, кога веќе никој нема да сака да купува, низатас е прекинува и следува голем пад на цените“, истакна Гејтс.
Bill Gates tells us what he really thinks of Bored Apes at #TCClimate: pic.twitter.com/vBc8BaaTup
— TechCrunch (@TechCrunch) June 14, 2022
Милијардерот додаде тој не тргува со криптовалути и ги исмеа NFT, шегувајќи се дека „скапите дигитални слики на мајмуни исклучително ќе го подобрат светот“.
Што се однесува до Гејтс, тој вели дека е навикнат на друг тип на имот и наведе примери на фарми и производство на нив, односно компании кои прават вистински производи бидејќи точно знаете што добивате за вашите пари. Во случајот со сликите од дигитални мајмуни, тогаш, тој верува дека се што сакаат инвеститорите е да најдат поголема будала која ќе заработи пари со продажба на нешто што во суштина нема опиплива вредност.