Форматот што глобално го популаризираше TikTok се покажа како исклучително привлечен и популарен. YouTube и Facebook тргнаа во иста насока, па кратките видеа би можеле да станат доминантна содржина на интернет
Секој сака да биде популарен како TikTok. Се чини дека станува збор за нов тренд кој во догледна иднина би можел да го одреди изгледот, фокусот и начинот на користење на социјалните мрежи. TikTok е најбрзо растечката социјална мрежа во последните години, која во септември минатата година објави дека има повеќе од милијарда активни корисници. Проценките велат дека до крајот на годината нивниот број ќе изнесува дури 1,8 милијарди, а со експоненцијалниот раст на бројот на корисници доаѓа и зголемување на приходите – тие се речиси двојно зголемени во TikTok во 2021 година и изнесуваат 4,7 милијарди долари .
YouTube го достигна TikTok
Имајќи го предвид тоа, не е изненадување што YouTube лани започна голема иницијатива за инвестирање во својот „клон“ на TikTok, YouTube Shorts, дозволувајќи им на авторите на кратки вертикални видеа да заработат дополнителни пари. Неодамна најавија и дека ќе почнат да додаваат реклами на Shorts, што треба уште повеќе да ги мотивира сите корисници да почнат да снимаат ваква содржина.
Како што сега стојат работите, иницијативата се исплатеше. Неодамна беше објавено дека Shorts видеата се исклучително гледани. Тие се гледаат околу 30 милијарди пати на ден, а ги гледаат повеќе од милијарда и пол корисници секој месец. Според тоа, бројот на корисници е споредлив со оној што моментално го бележи TikTok. Онаму каде што YouTube се издвојува е остатокот од содржината – класичните, подолги видеа сè уште се столбот на нивниот бизнис. Од друга страна, YouTube пробува да ги искористи Shots не како независен формат, туку како алатка која им дава можност на креативците брзо и лесно да се пробијат до нова публика и да ја привлечат кон своите „класични“ содржини.
Не се дава ни Facebook
Уште еден голем играч во доменот на социјалните мрежи, исто така, многу инвестира во краткиte видео содржини. Toa се разбира е Meta, која преку Facebook и Instagram ги форсира своите Reels видеа. Најновиот стратешки план на оваа компанија е, наводно, целосно да ги промени алгоритмите за прикажување на содржината на корисниците, на начин во Feed-от, приоритет да имаат кратките видеа. Овој потег донекаде потсетува на времето кога Facebook ја „позајми“ опцијата Stories од Snapchat, ја постави на врвот на апликацијата и за кратко време ја направи поупотреблива од оригиналот.
Без разлика дали го сакате или мразите краткиот вертикален формат на видео, веројатно нема да можете да се извлечете од него во скоро време – ниту на Facebook, ниту на YouTube.