Дерек Ју, првиот човек на Huawei за Централна и Источна Европа, Северна Европа, Канада и Турција првпат ја сподели и информацијата кои се најпродаваните уреди на компанијата во Македонија
Никола Бурагев
Истанбул – На големиот медиумски настан на Huawei во Истанбул, на кој присуствуваше и веб-порталот Конект.мк, компанијата претстави неколку нови производи во своето портфолио, вклучувајќи го и новиот смартфон на преклопување Huawei Mate Xs2, лаптопите со екран од 16 инчи – MateBook D 16 & 16s, првиот таблет со електронско пенкало, MatePad Paper, новите смартфони од Nova серијата – Nova Y70 и Nova Y90, и најновиот претставник на аудио семејството, безжичните слушалки Huawei FreeBuds Pro 2.
Дерек Ју, претседател на Huawei Consumer Business Group за Централна и Источна Европа, Северна Европа, Канада и Турција, кој всушност и ги презентираше новите уреди на големата сцена во Volkswagen Arena во Истанбул, во ексклузивна изјава за Конект.мк најави дека сите нови производи објавени во Истанбул ќе бидат достапни и на македонскиот пазар.
„Македонските потрошувачи ги сакаат производите на Huawei и ја почитуваат работата на нашата компанија. Поради тоа, можам да најавам дека сите уреди претставени во Истанбул со тек на време ќе бидат достапни за купување и од македонските корисници. Тоа значи дека за првпат во Македонија ќе се продава еден смартфон на преклоп од Huawei, а се работи за новиот флексибилен модел Huawei Mate Xs2, кој е ултра лесен, тенок и обезбедува уникатно корисничко искуство, а со кој компанијата продолжува да ги редефинира стандардите во смартфон индустријата. Покрај него, потрошувачите во Македонија ќе можат да ги набават и двата нови смартфони од Nova серијата, двата иновативни лаптопи MateBook D 16 и 16s, најновиот Pro модел на безжични слушалки – FreeBuds Pro 2 и првиот таблет со E Ink дисплеј на Huawei за иновативно искуство како пишување на хартија“, истакна Ју.
Првиот човек на Huawei за Централна и Источна Европа, Северна Европа, Канада и Турција за првпат ја сподели информацијата за тоа кои се најпродаваните уреди на компанијата во Македонија. „На прво место според продажбата се паметните часовници на Huawei, по што следуваат паметните телефони на компанијата. Сепак, сметам дека македонските корисници ќе се вљубат и во останатите наши најнови уреди и дека ќе има голем интерес и за нив“, посочи Дерек Ју.
Целосното интервју со Дерек Ју ќе можете да го прочитате наскоро на Конект.мк
Huawei го претстави HUAWEI Mate Xs 2 – полесен и потенок од кога било
Huawei го претстави MatePad Paper: првиот таблет со E Ink пенкало за пишување и правење белешки