Google во февруари почна да испорачува ажуриран кориснички интерфејс за Gmail, кој повеќе ги обединува Meet, Chat и Spaces и имплементира повеќе елементи од Material You дизајнот.
Од денеска, новиот изглед на Gmail ќе стане стандарден и корисниците ќе го гледаат дури и ако не го побарале. Тоа не е премногу голема промена, но Google со ажурирањето става поголем фокус на подобреното корисничко искуство.
Разликите во однос на претходниот дизајн се суптилни, така што ажурираниот интерфејс ги комбинира копчињата за Mail, Meet, Spaces и Chat во една листа на горниот дел од левото мени. Сè уште е лесно да им се пристапи, сè може одеднаш да биде на екранот, а корисникот може лесно да се префрли на разговорот во кој било дел.
Google наведува дека корисникот може да избере кои апликации ќе бидат во Quick Settings менито, а можно е и враќање на стариот изглед на Gmail по желба.
Компанијата напоменува дека се работи за продолжена испорака на новото ажурирање, така што би можело да потрае неколку недели за корисниците автоматски да ја добијат оваа промена. Ако не можете да чекате, можете сами да се префрлите на новиот дизајн во рамките на брзите поставки.