Не престануваат да се појавуваат неофицијални информации за iPhone 14 серијата, а се чини дека најголемиот интерес е поврзан со конечниот изглед на екранот што ќе го имаат уредите од оваа серија.
Засега имаше информации дека на најновата серија iPhone уреди ќе се појави поинаков засек, т.е. два засека – една punch hole отвор, односно простот за селфи камерата, како и еден засек во форма на „пилула“ до селфи камерата која би ги содржи сите потребни сензори, што им овозможува на корисниците да ги отклучуваат телефоните со препознавање на лицето.
Покрај тоа, се зборуваше и за главните системи на камери, а неодамна се појавија и фотографии од калапите за iPhone 14 линијата, кои јасно покажаа како можеме да очекуваме уште поголем модул за камерите во споредба со претходната генерација, особено кај Pro моделот.
Сепак, досега не знаевме дали сите смартфони во рамките на оваа серија ќе го имаат познатиот notch, т.е. широк засек на екранот на телефонот за предната камера и потребните сензори. Во моментов, според најновите фотографии од заштитното стакло за овие екрани, евидентно е дека само Pro моделите ќе добијат подобрен дизајн на предни камери и сензори, односно „punch hole“ + „пилула“. Дополнително, засекот во моделите кои не се Pro најверојатно останува ист како кај iPhone 13 уредите.
Според порталот PhoneArena, оваа фотографија се појави на кинеска социјална мрежа и постои голема веројатност тоа што го прикажува да е точно и дека го претставува конечниот дизајн на екраните на iPhone 14 серијата. Според претходните гласини, екраните на iPhone 14 Max и iPhone 14 Pro Max ќе имаат дијагонала од 6,7 инчи, додека iPhone 14 и iPhone 14 Pro ќе имаат дијагонала од 6,1 инчи.
Дополнително, се чини дека екраните на овие смартфони имаат малку поинаков формат во однос на моделите од претходната генерација, односно дисплеите кај Pro моделите се потесни и повисоки. Сепак, тоа е само субјективен впечаток и ништо повеќе.
На овој начин, Apple целосно ќе ги одвои стандардните од Pro моделите, во речиси сите клучни сегменти, вклучувајќи ја стапката на освежување на екранот, дизајнот на предната камера и сензорите, квалитетот на главната камера и мобилниот чипсет што ќе ги покренува.
Apple дополнително ќе ги одвои iPhone 14 и iPhone 14 Pro сериите