Извори на Bloomberg тврдат дека Apple планира да објави 15-инчен MacBook Air во пролетта 2023 година.
Компанијата би можела да се врати и на помалите преносни компјутери. Според извештаите, компанијата од Купертино подготвува и 12-инчен лаптоп, кој би можел да се појави кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.
Информациите го споменуваат и објавувањето на ажурираните 14 и 16-инчни MacBook Pro лаптопи кон крајот на оваа и почетокот на следната година, кои ќе ги користат M2 Pro и M2 Max чиповите.
Apple наводно размислувал да го претстави 15-инчниот MacBook Air оваа година, но компанијата се откажала од плановите за да се фокусира на 13-инчниот модел, кој беше претставен минатата недела.
Најавата за поголем модел на MacBook Air не би била изненадување. Apple потврди за време на WWDC 2022 конференцијата дека Air е најпродаваниот лаптоп на компанијата, а верзијата од 15 инчи може да им се допадне на корисниците кои сакаат поголем екран, но не им требаат перформанси и карактеристики од најскапата MacBook Pro линија.
Apple го претстави новиот MacBook Air со М2 чип и macOS Ventura (ВИДЕО)