Apple во рамките на својата WWDC програмерска конференција ја претстави најновата верзија на оперативниот систем за iPhone уредите – iOS 16. Кон средината на минатиот месец, бета верзијата на iOS 16 почна да пристигнува на компатибилните уреди (за оние корисници кои се пријавија за бета програмата ). Оваа верзија нуди многу нови функции, вклучувајќи ги и дизајнерските. Сега откриваме уште една опција која пристигнува со iOS 16, а која некогаш беше достапна на iPhone уредите.
Индикаторот за процентот на батеријата на iPhone постоеше до појавата на засекот на iPhone X, кога оваа корисна опција беше прекината. Сепак, Apple сега одлучи да ја врати на своите смартфони, што секако ќе израдува многумина.
Индикаторот за процентот на батеријата на iPhone со iOS 16 се појавува внатре во рамкките на иконата за батерија во горниот десен агол од екранот. Сепак, корисниците на iPhone 11, iPhone 12 mini и iPhone 13 mini пријавија дека сè уште не им е достапна оваа опција.
Корисниците кои ја користат најновата бета верзија на iOS 16 и сакаат да ја испробаат новата опција ќе треба да го отворат менито Battery на својот iPhone за да овозможат прикажување на процентот на батеријата. Иконата за батеријата ќе се полни со црна или бела боја (во зависност од темата на уредот) кога батеријата е над 20 проценти. Кога ќе падне под тоа ниво, иконата ќе биде испополнета со црвена боја. Кога телефонот се полни, иконата е со зелена боја.
Кога станува збор за самиот iOS 16, најголемите промени ги донесе изгледот на заклучениот екран, кој всушност е целосно редизајниран. Иако се очекуваше дека iOS 16 ќе донесе и AOD поддршка (Always On Display), тоа не се случи, но се наведува дека поддршката за AOD ќе биде достапна за следната генерација на iPhone уреди, односно iPhone 14 серијата, која ќе пристигне во есента оваа година.
Apple ги објави првите бета верзии на iOS 16, iPadOS 16, macOS Ventura и watchOS 9