Spotify се приклучи на голем број технолошки компании кои ќе отпуштат повеќе вработени со цел да ги намалат трошоците.
Со-основачот и извршен директор на шведската платформа за аудиостриминг Spotify, Даниел Ек, рече дека компанијата ќе отпушти околу 17 отсто од својата работна сила. Брзата пресметка вели дека околу 1.500 луѓе ќе останат без работа од вкупно 9.241 вработен ширум светот.
Ова е третпат Spotify да отпушти вработени и покрај зголемувањето на цените за својата услуга за претплата Premium. Во јануари 600 луѓе останаа без работа, додека во јули уште 200 беа отпуштени од одделот Podcast.
Ек рече дека се разговарало за помали намалувања за 2024 и 2025 година, но разликата помеѓу финансиските цели и тековните оперативни трошоци сепак резултирала со оваа одлука.
Бројот на вработени во Spotify е „значително зголемен“ во 2020 и 2021 година, односно е речиси двојно зголемен за да се подобри содржината, маркетингот и „новите вертикали“. После тоа, 2022 и 2023 година беа попродуктивни, но Spotify не стана поефикасен, а Ек и компанијата беа принудени да преземат драстични мерки.
Секој отпуштен вработен ќе добие отпремнина во висина од приближно пет месечни плати. Во тој период ќе се обезбедува здравствена заштита, а секој ќе може да најде нова работа по два месеци.
Ек тврди дека овие мерки ќе му помогнат на Spotify да преземе „пофокусиран пристап“.